Тибет денеска повторно беше погоден од земјотреси, овој пат со јачина од 5 и 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресите се регистрирани во понеделник на 13 јануари 2025 година во 13 часот и 57 минути, со епицентар на координатите на географска ширина 28,46 и географска должина 87,357. Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 10 километри, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Засега нема информации за жртви или штети, но надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата, пишува Ројтерс.
Потсетуваме дека Тибет пред неколку дена го погоди разорен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, во кој според последните податоци животот го загубија 126 лица, а повеќе од 400 лица беа извлечени урнатините, но се уште не се знае точниот број на исчезнати, соопштија кинеските власти.
Регионот на Хималаите останува под постојана закана од нови потреси на земјата.