Во 2021 година, сервисот Тик Ток за размена на кратки видеа стана најпосетуваниот интернет домен во светот, пред минатогодишниот лидер Гугл, кој е дел од холдингот Aлфабет, според американската технолошка компанија Cloudflare.
„Тик Ток“ изби на прво место на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден по посети е пред Гугл.
Тик Ток, во сопственост на кинеската компанија Byte Dance, претходно пријави повеќе од милијарда активни корисници месечно. Третото место на листата на најпосетувани домени, вклучувајќи веб-страници и апликации, го зазеде социјалната мрежа Фејсбук во минатата година, четвртото – Микрософт, а петтото – Епл. Во топ 10 се и Amazon, Netflix, YouTube, Twitter и Whatsapp.
