Тимоние: Често се возам во такси и ја гледам разочараноста, одговорност не треба да сносни само Франција

Одговарајќи на новинарско прашање дали се свесни неговите претпоставени во Париз за тоа што направија во земјава, Тимоние изјави дека во јуни Бундестагот не бил подготвен, ЕУ беше во процес на избори, а во текот на летото, како што рече „мистериозно на некој начин се појави идејата дека одлуката ќе биде компензација за Договорот од Преспа“.

-Се случи чудна промена на перспективата. Јас како набљудувач често пати се прашував како од објективна проценка на агендата преминавме кон позитивните и слабите точки на наградата за постигнат договор, од техничките, фундаменталните аспекти, кои се услови за почеток на преговорите се најдовме во ситуација да се занимаваме со прашања од геополитика. Тоа не беше француската перспектива. Геостратешките аспекти се важни, но имаше чудно поместување на вниманието, кое повеќе допира до политички маркетинг, наместо до дипломатки дискусии, рече Тимоние.

Нагласи дека внимателно ја следеле ситуацијата во земјата и свесни се за големото разочарување на јавноста, вели тој често сe вози со такси и ја гледа разочараноста и додаде дека некои дале ветување, а потоа ја префрлиле грижата на другите тоа да го исполнат. Додаде дека не само Франција и другите треба да сносат  одговорност за целата ситуација.

Вели јавното мислење во земјата било со очекување на датум и тоа правело дополнителен притисок врз земјите-членки да дадат позитивна одлука.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното