Тимот за спасување од Струмица на голема НАТО вежба во Бугарија: Ќе тренираат заедно со 1.200 спасувачи од целиот свет

Докажаниот тим за урбано пребарување и спасување од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица учествува на една од најголемите и најсложени светски вежби за справување со итни ситуации, која од вчера се одржува во Монтана, Бугарија, во организација на НАТО и бугарските власти.

Струмичките спасувачи, кои се дел од Републичкиот тим за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ќе го тестираат своето искуство рамо до рамо со околу 1.200 други учесници од земји-членки на НАТО и партнерски организации.

Овој тим е веќе докажан на светско ниво, со огромно искуство стекнато во реални катастрофални ситуации, вклучително и нивното учество во спасувачките мисии по разорните земјотреси во Албанија и Турција.

Меѓународната вежба, која ќе трае до 12 септември, предвидува симулација на повеќе комплексни сценарија, како што се: пребарување и спасување од урнатини, спасување од води, реакции на итни медицински тимови и детекција на хемиски, биолошки и нуклеарни закани. Македонскиот тим од Струмица ќе учествува во сегментот за урбано пребарување и спасување, што е нивна специјалност.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.