Тина Алексовска по операцијата на отворено срце: „Заради резот на телото, мислев никој веќе нема да ме сака – по 8 месеци го запознав сопругот“

„Дојдоа болничарите и ми рекоа да легнам на креветот што го донесоа. Низ ходникот пробуваа да ме насмеат: ‘Овде ќе те чекаме да се разбудиш. Но, очите и погледот додека сум жива ќе им ги паметам. Тагата и лажната насмевка не можеа да ги скријат. Лежам и молам Бога да се разбудам. Ги молев и да не ме успиваат веднаш, но тоа е сè – црна длабока кома, ништо не чувствувам, не ме боли, а ми го оперираат срцето“, вели Тина Алексовска за операцијата на отворено срце, пишува Црно бело.

Тина Алексовска (47), која јавноста ја препознава по нејзините музички настапи во кафулињата низ земјава, во октомври 2021 година правеше операција на отворено срце, поради вродена срцева мана.

Ова е една од најтешките операции на срце, а Тина, која доби метален залисток на срцето, операцијата ја издржа јуначки.

Веднаш откако се разбудила во студената шок-соба, решила да стане, да закрепне побрзо и да му се врати на нормалниот живот. Но, не ѝ било воопшто лесно – од секојдневните вежби, преку редовните контроли, стравот дали ќе биде сè во ред – најтешкиот миг, кога во огледало си го видела телото со голем рез на градите, па првпат почнала да плаче на цел глас.

Читај повеќе на Црно бело