Поради обилно крвавење на една од обвинетите, рочиштето за случајот „ТНТ“, што се води за бесправно рушење на комплексот Космос се одложи.
Адвокатката на обвинетата Александра Димитриевски Аврамовски утрово добила повик од нејзиниот сопруг дека обвинетата е пренесена во приватна болница.
На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, а адвоктот Мерџан Даути требаше да добие симултан превод.
Претходно Даути побара од судот на албански јазик да се преведе целиот предмет за случајот „ТНТ“, а судијата Огнен Ставрев ја информираше јавноста дека испратил известување до Адвокатската комора со барање за дисциплинска постапка, бидејќи според него адвокатот сакал само одолговлекување на постапката.