Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка во неговиот дуел против Германецот Јаник Ханфман и истакна дека било тешко да се игра поради влажноста на Мастерсот во Шангај.
Српскиот ас се пласираше во осминафиналето на овој турнир од серијата 1000, откако денес го победи Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3 во третото коло.
- Како што реков претходно, условите се исти за сите. Брутално е, над 80 проценти влажност, ден по ден, сите мора да се справиме со тоа. За мене, можеби биолошки тоа е малку поголем предизвик. Јаник одигра неверојатен натпревар од самиот почеток. Една просечна игра од моја страна му беше доволна за да го освои сетот. Сервираше многу прецизно, беше тешко да се прочита неговиот сервис и силно ја удираше секоја топка – рече Ѓоковиќ по натпреварот.
Тој продолжи со својата анализа на натпреварот.
- Беше тешко да се игра против Ханфман. Публиката ме крена, а на крајот од вториот сет почувствував дека станувам подобар во размените и подобро го читав неговиот сервис, тој почна да прави грешки. Почнав да удирам послободно. Во мојата кариера сум победил во многу вакви натпревари, во кои најчесто не бев подобар играч, туку едноставно храбро ја одржував играта.
На крајот, Новак уште еднаш им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка.
- Неверојатно е да се биде тука и да се игра пред многу страсна публика. Неверојатно е, поддршката што ја добивам, не можам да побарам повеќе – 38 години, играм на Мастерс, публиката го скандира моето име… Тоа е сон, им сум благодарен за тоа – нагласи српскиот тенисер.
Ѓоковиќ ќе игра против Џауме Мунар од Шпанија во осминафиналето.
Читај и ова:
- 1.Голем дефект предизвика поплава во Влае – можно е делови од Карпош и Скопје да останат без вода
- 2.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 5.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!