Тодор Петров со нова граѓанска иницијатива за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Републиката.
Иницијативата е веќе доставена во Собранието и е поткрепена со потписи од 157 граѓани, за распишување на референдум на кои граѓаните треба да одговорат со „за“ или „против“ на прашањето: „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“
Иницијативата е на дневен ред на денешните седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието.