Повеќето ќе можат да ја пробаат тортата од канабис за прв пат, изјави Рајан Крандал, еден од потпретседателите за продажба на Меримед, која ќе произведува „психоактивни“ брауни.
Тортата е натопена во канабис, а содржи 20 грама ТХЦ, главната психоактивна супстанца во марихуаната.
Огромното брауни содржи 1.344 јајца, 96 килограми путер, 113 килограми шеќер, 55 килограми какао во прав, 36,6 килограми брашно, екстракт од ванила, прашок за пециво.
Компанијата „Меримед“ направи торта како дел од лансирањето на својот нов бренд, колачето од канабис „babis baked“.
„Повеќето ќе можат да ја пробаат храната со канабис за прв пат“, рече Рајан Крандал, виш потпретседател за продажба на компанијата.
Досега, Гинисовиот рекорд за најголемо колаче – брауни и припаѓа на продавницата „Summing World Bake Shop“ во Дафне, Алабама. Нивното колаче тежело 106 килограми.
