Сообраќајните правила важат за сите, без оглед на функцијата, позицијата или општествениот статус. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека голем број функционери и јавни личности му се пожалиле дека добиле сообраќајни казни, што, според него, покажува дека системот функционира и дека никој не е привилегиран.
Тошковски посочи дека меѓу казнетите има министри, директори, но и верски лица од различни религии.
„Многу, многу, не знаете колку многу ми имаат кажано дека министри, директори, не знам, црковни лица од една, од друга, од трета религија и така натаму. Скоро да нема ниво на кое што не ми рекло дека, министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната“, изјави Тошковски.
Министерот откри и дека самиот добил сообраќајна казна, која ја платил, нагласувајќи дека санкциите се однесуваат на сите, независно од функцијата што ја извршуваат.