Breaking Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден повреден од паднато дрво, друг од керамиди
Македонија

Тошковски: Не сум дома со семејството, туку со гостиварчани – бараме решение за кризата

Тошковски: Не сум дома со семејството, туку со гостиварчани – бараме решение за кризата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека Владата и надлежните институции се целосно посветени на справување со кризата во Гостивар, нагласувајќи дека во моментов приоритет е што побрзо да се пронајде решение за проблемот со загадената вода.

Тој истакна дека лично е на терен заедно со жителите на Гостивар и со стручните служби, наместо времето да го поминува со своето семејство.

„Јас не сум дома со семејството, туку сум овде со гостиварчани и бараме решение како што побрзо да го отклониме проблемот“, изјави Тошковски.

Министерот оцени дека состојбата е резултат на, како што рече, несовесно работење на лица кои на локално ниво имале обврска навремено да си ја извршуваат работата.

„Овој проблем е настанат поради несовесно работење на одредени лица кои требало да си ја работат работата, а за жал не ја работеле“, рече Тошковски.

Тој повтори дека државните институции ќе продолжат со сите неопходни мерки за надминување на кризата и дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секој следен чекор, со цел што поскоро да се нормализира состојбата со водоснабдувањето во Гостивар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни