Свет

„Традиционалните семејни вредности се важни за секој од нас“ – Русија е решена: Ќе забрани промена на полот

„Традиционалните семејни вредности се важни за секој од нас“ – Русија е решена: Ќе забрани промена на полот

Државната дума во текот на месец јули ќе го усвои законот за забрана за промена на полот, изјави претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин.

Претседателот на Државната дума потсети дека Русите пред три години одобрија амандмани на Уставот кои предвидуваат заштита на „институцијата брак, како заедница на маж и жена“.

Во текот на јули ќе донесеме одлука да ја забраниме промената на полот“, напиша Володин на каналот Телеграм.

Тој исто така истакна дека се донесени закони кои забрануваат унапредување на нетрадиционални сексуални односи.

„Традиционалните семејни вредности се важни за секој од нас…“

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни