Балкан

Трагедија во БиХ: Две лица загинаа во пожар

Трагедија во БиХ: Две лица загинаа во пожар

Според податоците на противпожарната единица во Соколац, две лица загинале во пожар што синоќа избувнал во семејна куќа во палеското село Караѓорѓево, БиХ.

Интервенирале пет пожарникари со три возила. Пожарникарите го гаснеа пожарот четири часа.

Куќата е сериозно оштетена, јавува РТРС . Пожарот зафатил два ката од куќата.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни