Македонија

Трагедија кај Блаце: Во превртено возило пронајдени три починати лица

Трагедија кај Блаце: Во превртено возило пронајдени три починати лица

Три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа на патот ГП Блаце-Скопје, откако нивното возило било пронајдено превртено покрај коловозот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 јули во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце–Скопје се наоѓа превртено патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски таблички.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што било утврдено дека во автомобилот се наоѓаат три починати лица – едно машко и две женски лица. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Од МВР информираат дека претходно истиот ден, во 13:40 часот, во Полициската станица Бит Пазар, државјанин на Косово пријавил исчезнување на три лица. Според пријавата, последниот контакт со нив бил остварен на 18 јули околу 22:15 часот, кога тие се наоѓале на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Надлежните институции вршат увид и преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни