Македонија

ТРАГЕДИЈА: Маж од Скопје загина откако со возилото излетал од коловозот на автопатот Велес-Неготино

ТРАГЕДИЈА: Маж од Скопје загина откако со возилото излетал од коловозот на автопатот Велес-Неготино

На 20.09.2023 околу 11.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопат Велес-Неготино, после наплатна станица „Виничани“, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни