Денеска ( 3 декември ) околу 13 часот, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“, пред бензинска пумпа во Гостивар, од товарно возило„Мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици, што го управувал 58-годишниот гостиварец Б.С, при разминување со патничко возило„Опел фронтера “со гостиварски регистерски таблици, управувано од 48-годишниот гостиварец Д.Џ. паднале метални шипки и го повредиле по главата.
Повредениот Д.Џ. со возило на Брза помош пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, укажана му е лекарска помош, но набрзо им подлегнал на повредите.
Извршен е увид со учество на јавен обвинител, а во кој учествуваше и екипа од Полициската станица Гостивар.По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.
Се преземат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
