Властите соопштија дека ова е исклучително редок напад за карипскиот остров, пишува „Њујорк пост“.
Нуркачите го пронајдоа обезглавеното тело на Јахмари Раид во вторникот наутро, еден ден откако тој исчезна додека ловеше сам со подводен риболов во близина на популарната туристичка точка Монтего Беј. На момчето му недостасувала и левата рака, додека остатокот од телото бил тешко осакатен, изјавиле очевидци за „Јамајка опсервер“.
– Не ми се верува дека вчера сам отишол на море и дека тоа се случило. Жално е да се знае тоа. Се чувствувам лошо – рекол таткото на момчето, Мајкл Рајд.
„Њујорк пост“ пишува дека тигарска ајкула била забележана во тропските води каде била пронајдена отсечената рака на момчето, што ги навело спасувачките тимови да се посомневаат дека виновникот е морски предатор.
Еден сведок рече дека нуркачи и рибари се обиделе да ја убијат „големата ајкула“, но промашиле. Спасувачите се надевале дека ќе ја извлечат главата на момчето од стомакот на ајкулата, но веќе било доцна, пишува „Њујорк пост“.
Средношколецот сам ловел риба во понеделникот рано наутро кога се случила трагедија, соопшти полицијата.