Македонија

ТРАГЕДИЈА ВО КАТЛАНОВО: Го удрил со возило, а потоа избегал – загина 54-годишно лице на локалниот пат кон с.Градманци

ТРАГЕДИЈА ВО КАТЛАНОВО: Го удрил со возило, а потоа избегал – загина 54-годишно лице на локалниот пат кон с.Градманци

На 02.01.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото.

А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни