Шест лица загинаа, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска во округот Тенгсианг во автономниот регион Гуангкси Џуанг во јужна Кина, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила околу 5 часот наутро на државниот автопат кога комбето се судрило со полуприколка.
„Четири лица починаа на лице место, а две подоцна им подлегнаа на повредите, и покрај напорите на итната медицинска помош“, соопшти Бирото за јавна безбедност на Тенгсиан, пренесе Синхуа.