Свет

Трагедија во Минесота: Три деца загинаа во пукотница во католичко училиште

Трагедија во Минесота: Три деца загинаа во пукотница во католичко училиште

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, загинаа денес, а околу 20 лица се повредени во пукотница во католичко училиште во јужниот дел на градот Минеаполис во американската држава Минесота, објави функционер на Министерството за правда на САД.

Како што објави CBS News, повикувајќи се на извори, напаѓачот извршил самоубиство со огнено оружје.

Голем број припадници на безбедносните сили интервенирале поради пукотницата во католичкото училиште, а по интервенцијата, полицијата објави дека повеќе нема активна закана за граѓаните.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни