ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач со „Ауди“ усмрти пешак во Лисиче, полицијата го приведе

Осумдесет и тригодишен пешак го загуби животот откако утрово во него удри патничко возило „ауди а6“ на патот меѓу Горно и Долно Лисиче во Скопје. Триесетгодишниот возач на автомобилот е приведен по наредба на јавен обвинител.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 08:15 часот. Автомобилот, управуван од Г.Д. (30) од Скопје, удрил во пешакот Т.Ѓ. (83), исто така од Скопје.

По кобниот удар, пешакот со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За жал, таму тој им подлегнал на повредите и лекар констатирал смрт.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициска екипа. По налог на обвинителот, возачот Г.Д. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.