Трагедија во соседството: 15-годишен спортист почина на својот роденден

Српските медиуми пишуваат дека младиот кошаркар се здобил со повреди опасни по живот кога во него удрил автомобил на Зрењанинска улица.

Страшна вест доаѓа од Србија, поточно од кошаркарскиот клуб кој го носи името на познатиот Радивој Кораќ.

Почина младиот Стефан Стаменковиќ (15), член на споменатиот клуб, откако на 15. роденден помина неколку дена во кома.

Српските медиуми пишуваат дека младиот кошаркар се здобил со повреди опасни по живот кога во него удрил автомобил на Зрењанинска улица.

По несреќата Стаменковиќ итно бил пренесен на Универзитетската детска клиника, каде лекарите со денови се бореле за неговиот живот. За жал, на крајот младиот човек им подлегнал на повредите. КК Радивој Кориќ од Белград преку социјалните мрежи се прости од младиот кошаркар …

-Со голема тага и болка ве известуваме дека нашиот играч, пријател и брат Стефке не напушти утринава на неговиот роденден. Сите моменти со вас во изминатите години ќе ги носиме засекогаш во нашите срца. Последен поздрав – соопштија од клубот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното