Никола Милојевиќ (35) и неговиот двегодишен син трагично загинаа вчера околу 15 часот во сообраќајна несреќа кај Вршац во Србија. Имено, без знаење на поранешната сопруга, Никола го земал детето од градинка и по телефон и рекол дека никогаш повеќе нема да го види. Жената веднаш ја известила полицијата и го пријавила исчезнувањето на детето, а само половина час подоцна дознала за страшната сообраќајна несреќа, пишува Блиц.
Никола нелегално престигнал камион во шкода со романски регистерски таблички, што резултирало со верижен судар. Од здобиените повреди на лице место починале таткото и синот, кои наводно биле на предното седиште.
Автомобилот во кој загинаа е целосно уништен. Никола имал забрана за возење, а неодамна купил автомобил.
