Трагедија во Струмица: Загина возач по судар на неговото возило со камион

На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина.

На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното