Американски државјанин и неговиот син починаа откако беа нападнати од рој оси додека посетуваа туристички локалитет во Лаос.
Ден Овен, директор на меѓународно училиште во соседен Виетнам, и неговиот син Купер биле нападнати во паркот „Зелена џунгла“ додека се симнувале од дрво на крајот од жичарницата.
Според информациите од локалните болнички службеници, тие претрпеле десетици убоди од оси, што резултирало со нивната смрт. Веста ја објави Асошиејтед Прес.