Трагедија утринава ја потресе Турција за веста дека чешкиот фудбалски репрезентативец Jосеф Шурал загина, а уште шестмина негови соиграчи од тимот на Аланијаспор се повредени во тешка сообраќајна незгода откако комбето во кое се превезувале, излетало од патот на три километри пред влезот во Аланија.
Аланијаспор играше против Кајзери во првенството на Турција вчера, тренерот им дал два слободни дена, па седуммината фудбалери се решиле да се вратат со комбе. Заедно со несреќниот Жозеф Шурал во комбето биле уште и Стивен Кокер, Демба Папис Сисе, Баијано, Џалма, Ајзак Секи и Велингтон.

Тие изнајмиле комбе со двајца шофери и се упатиле кон Аланија. Другите фудбалери завршиле во болница, а на несреќниот Шурал му биле направени неколку операции, но за жал, тој подлегнал на повредите.
Шоферот веднаш е притворен, а полицијата почна истрага за овој несреќен случај.
The post ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: Чешки репрезентативец загина, уште шест фудбалери повредени во сообраќајна несреќа appeared first on ТВ21.