Свет

Трагедија во Уганда: Гром уби 14 луѓе за време на молитвата во бегалскиот камп

Трагедија во Уганда: Гром уби 14 луѓе за време на молитвата во бегалскиот камп

Четиринаесет лица загинаа, а 34 се повредени кога гром удри во бегалски камп во северна Уганда, соопшти денеска локалната полиција.

Несреќата се случила во саботата во оддалечениот кварт Ламво. Портпаролот на полицијата изјави дека жртвите се уште не се идентификувани.

Жителите на кампот Палабек, во кој главно се сместени бегалци од Јужен Судан, присуствувале на молитва во импровизирана метална конструкција кога гром го удрил.

Полицијата соопшти дека нема извештаи за избувнување на пожар по несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни