Трамп: Ако Кина не ги укине возвратните царини, ќе се соочи со царини од 50 отсто

Претседателот на Соединетите Амерички Држави, Доналд Трамп, изјави денес дека Кина усвоила возвратни царини од 34 отсто и дека ако не ги укине до утре, ќе се соочи со дополнителни царини од 50 отсто.

„Вчера Кина усвои возвратни царини од 34 отсто, над своите веќе рекорди царини, немонетарни царини, нелегално субвенционирање на компании и масовна долгосрочна манипулација со валутите, спротивно на моето предупредување дека секоја земја која ќе се одмазди на Соединетите Амерички Држави со усвојување на дополнителни царини на веќе постојните царини, односно царински злоупотреби против нашата нација, веднаш ќе се соочи со нови и значително повисоки царини, над оние кои првично беа усвоени“, напиша Трамп на својата платформа Истина (Truth Social).

Како што истакна, ако Кина до утре, 8 април 2025, не ги повлече своите зголемувања од 34 отсто во однос на своите веќе долгогодишни злоупотреби во трговијата, Соединетите Амерички Држави ќе наметнат дополнителни царини од 50 отсто, кои ќе стапат на сила на 9 април.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното