Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на погребот на папата Франциск во Ватикан.
Белата куќа објави дека Трамп ќе го напушти Вашингтон во петок наутро и ќе се врати во САД во сабота навечер, по погребот.
Покрај Трамп, на погребот ќе присуствуваат и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Олаф Шолц, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и многу други официјални лица.
Аџиите и туристите веќе се собираат во Ватикан за да му оддадат почит на папата Франциск.
На плоштадот Свети Петар вечерва се одржа молебен за папата, кој почина вчера на 88-годишна возраст во својата резиденција во Ватикан.