Трамп: Ги намалив санкциите за Сирија, Путин е уморен од војната во Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска изјави дека ги ублажил санкциите за Сирија, наведувајќи дека тамошното раководство побарало олеснување на мерките за да докажат дека можат да го променат своето однесување.

Трамп за Фокс њуз зборуваше и за војната во Украина, нагласувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин е „уморен од конфликтот“.

Тој рече дека верува оти може да користи економски притисок за да ја принуди Русија на мировни преговори, како што направи со Иран, но само ако е потребно.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното