Свет

Трамп ги пофали Зеленски и Украинците

Трамп ги пофали Зеленски и Украинците

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти е близу договор меѓу Украина и Русија, говорејќи за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Имаме многу добар однос, двајцата. Претседателот Зеленски и јас се обидуваме да најдеме решение и мислам дека тоа ќе се случи. Навистина мислам така“, рече Трамп. „Но, односот е многу цврст, а таков е и односот со Европа. А видовте што се случи неодамна со Гренланд, што беше нешто навистина посебно“, додаде тој.

На прашањето дали сè уште верува дека Украина може да ја врати целата своја територија, Трамп рече дека смета оти тие ќе постигнат договор.

„Па, мислам дека ќе постигнат договор, а не сакам да кажам каков ќе биде тој договор. Многу разговараме за тоа, вклучително и со претседателот Путин, и мислам дека нешто ќе се случи“, рече тој.

Трамп: Верувам дека е близу договор меѓу Украина и Русија
„Но, тие секако се многу добри борци. Навистина можат да бидат многу горди на себе“, рече Трамп, опишувајќи го украинското раководство како многу способно.

Зборувајќи за украинските напади врз руските рафинерии за нафта, Трамп рече дека се чини оти тие напади силно ги погодиле Русите, како и цената на дизелот. „Мислам дека и Путин и Зеленски сакаат војната да заврши. Искрено, време е таа да заврши. Многу луѓе ги губат животите, а тие не сакаат тоа да се случува“, рече Трамп.

Зборувајќи за можното производство на ракети „Патриот“ во Украина, Трамп рече дека се разговара за тоа. „Многу интересно производство. Мислам, постојано зборуваме за тоа. Многу способни луѓе. Навистина неверојатно способни луѓе“, додаде тој. Зеленски изрази надеж дека оваа војна ќе заврши и дека претседателот Трамп ќе помогне таа да се приведе кон крај, додавајќи дека тоа треба да се направи што е можно поскоро, пред зимата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни