Трамп ги укина санкциите против еврејските доселеници на Западниот Брег

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, го откажа воведувањето санкции против луѓето кои го нарушуваат мирот на Западниот Брег, што е една од извршните наредби од времето на актуелниот претседател Бајден.

Со извршна наредба, администрацијата на Бајден воведе некои санкции против еврејските доселеници екстремисти кои ги напаѓаат Палестинците, жители на Западниот Брег. Ова се случи по избувнувањето на насилството, на кое му претходеше нападот на Хамас од друга палестинска територија, од Појасот Газа, кон југот на Израел на 7 октомври 2023 година.

Еврејските доселеници на Западниот Брег го прославија доаѓањето на администрацијата на Трамп со верување дека поинаку ќе ги третираат илегалните еврејски населби, пренесува Бета.

За време на неговиот прв претседателски мандат, Трамп презеде чекори без преседан во поддршка на територијалните аспирации на Израел, вклучително и признавањето дека Ерусалим е главен град на Израел и преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во тој град, како и признавањето на израелската анексија на Голанската висорамнина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното