Трамп ги затвора амбасадите ширум светот?! Еве кои земји се на тапет!

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати како дел од плановите за спроведување значајни промени во американското дипломатско присуство во странство, се вели во внатрешен документ на Стејт департментот што го виде Си-Ен-Ен.

Во документот се препорачува затворање на 10 дипломатски претставништва и 17 конзулати, вклучително и два во БиХ, конзуларни одделенија во Мостар и Бања Лука, пет конзулати во Франција, два во Германија, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.

Во документот се препорачува и намалување на присуството на американските дипломатски претставништва во Сомалија и Ирак, земји кои беа клучни за американските напори за борба против тероризмот.

Администрацијата на Трамп, поттикната од Одделот за владина ефикасност на Илон Маск, прави напори да ја намали големината на федералната администрација.

Засега не е познато дали американскиот државен секретар Марко Рубио го одобрил предложеното затворање на американските дипломатски претставништва.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното