Свет

Трамп го обвини Бајден дека не дозволил Украина да нападне руска територија

Трамп го обвини Бајден дека не дозволил Украина да нападне руска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го обвини поранешниот американски претседател Џозеф Бајден дека не дозволувал Украина да напаѓа цели на територијата на Русија како земја агресор.

„Многу е тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата што напаѓа. Тоа е како во спортот кога еден тим има одлична одбрана, но не му е дозволено да игра офанзивно“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Во тој случај, додаде тој, „нема шанси за победа“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни