Претседателот на САД, Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social го поздрави новиот папа Лав XIV.
„Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше именуван за папа. Огромна е честа да се сфати дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема чест за нашата земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со папата Лав XIV. Тоа ќе биде многу значаен момент!“, рече тој.
