Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за кинеската апликација за кратки видео ТикТок може да биде продолжено, но тој не мисли дека тоа ќе биде неопходно.
Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека сè уште се надева дека ќе постигне договор со ТикТок за да ја задржи апликацијата активна во Соединетите држави, објави Ројтерс.
– Па, имам 90 дена од пред две недели и сигурен сум дека може да се продолжи. Но, да видиме. Мислам дека нема да биде потребно – одговори Трамп на прашањето дали истекува рокот за забрана на ТикТок во САД.
Тој рече дека има многу заинтересирани за купување на оваа социјална мрежа и рече дека нејзиниот имиџ е променет од изборите во 2024 година и оти смета дека апликацијата е фер и корисна за привлекување млади гласачи.
Тој додаде дека верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се согласи да ја одобри продажбата на ТикТок на американски купувач, бидејќи тоа исто така би било во интерес на Кина.
– Ќе направам се да вреди Кина да го направи тоа – рече Трамп, не наведувајќи никакви детали.
Судбината на ТикТок во САД е неизвесна откако на 19 јануари стапи на сила законот кој бара од неговиот кинески сопственик, BytDens, или да го продаде поради национална безбедност или да се соочи со забрана.
Трамп, по преземањето на функцијата на 20 јануари, потпиша извршна наредба со која бара одложување на спроведувањето на законот од 75 дена.