Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, денеска соопшти дека претседателот на САД, Доналд Трамп, го следел нападот врз Иран од својот имот на Флорида, заедно со својот тим за национална безбедност.
„Претседателот Трамп ја следеше ситуацијата во текот на ноќта во Мар-а-Лаго, заедно со членовите на својот тим за национална безбедност. Претседателот телефонски разговараше со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху“, наведе Левит на платформата Икс.
Таа додаде дека американскиот државен секретар Марко Рубио ги повикал сите членови на осумчлената група која ги вклучува републиканските и демократските лидери на Сенатот и Претставничкиот дом, кои Белата куќа вообичаено ги информира кога воен напад е неизбежен.
