ТРАМП ГОТВИ ОДГОВОР ЗА ИРАН? Се разгледуваат воени опции по крвавите протести – Пентагон веќе го брифирал претседателот

Американскиот претседател Доналд Трамп активно разгледува серија потенцијални воени опции за Иран, откако земјата беше зафатена од смртоносни протести. Ова за Си-Ен-Ен (CNN) го потврдиле двајца американски функционери, нагласувајќи дека Белата куќа е подготвена да ги оствари заканите за напад врз иранскиот режим.

Трамп претходно се закани дека ќе реагира жестоко доколку Техеран употреби смртоносна сила врз сопствените граѓани.

Се вчитува...

Плановите се на маса

Според изворите, на Трамп во изминатите денови му биле презентирани различни планови за интервенција, додека насилството во Иран ескалира со десетици загинати и масовни апсења.

Не само воена сила?

Иако воените опции се во фокусот, еден од функционерите открива дека дискусиите во Вашингон не се ограничени само на оружје.

„Дел од разговорите вклучуваат и опции кои не подразбираат директна употреба на американска воена сила“, вели изворот, алудирајќи на можни сајбер-напади или засилени тајни операции.