Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и порача на американската јавност да биде „без грижа“ кога станува збор за царините и дека Америка ќе биде подобра од кога било досега. „Не грижете се. Сè ќе биде добро. Соединетите држави ќе бидат поголеми и подобри од кога било досега“, рече Трамп на платформата „Truth Social“. Трамп на синоќешната вечера на Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон рече и дека знае што прави кога воведува царини, како и дека лидерите од целиот свет му се јавуваат и молат за договор и средба „бакнувајќи го во грб“.
СЛЕДЕТЕ НЕ: