Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, ќе ги водат преговорите за преостанатите точки од мировниот договор за Украина, откако американските и украинските претставници во Женева се согласија за нов план од 19 точки, објави Телеграф.
Директните разговори би можеле да започнат оваа недела, со непотврдени извештаи за можно патување на Зеленски во Вашингтон.
Клучните спорни теми се однесуваат на територијалните прашања и идните безбедносни односи меѓу САД, НАТО и Русија.