Москва и Киев мора да работат на ставање крај на украинскиот конфликт, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Имам порака за двете страни. Крај на оваа војна. Ние губиме 5.000 војници неделно, руски и украински војници и други луѓе. И велам, прекинете ја оваа глупава војна. Тоа е мојата порака за двете страни“, рече Трамп, одговарајќи на прашања на новинарите во Белата куќа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека секоја детална дискусија за триесетдневното примирје со Украина е невозможна без да се земат предвид одредени нијанси, потсетува ТАСС.
Рускиот претседател Владимир Путин објави прекин на огнот од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Големата патриотска војна.
Кремљ објави дека „борбените операции ќе бидат прекинати во овој интервал“. Рускиот лидер ја упати поканата од хуманитарни причини.
Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот, барајќи подолга пауза во борбите.