Свет

ТРАМП ИМЕНУВА „ВОИН“ НА ВАЖНА ФУНКЦИЈА: Објави дека му треба овој член на новата администрација за „да го разоткрие картелот за цензура“

ТРАМП ИМЕНУВА „ВОИН“ НА ВАЖНА ФУНКЦИЈА: Објави дека му треба овој член на новата администрација за „да го разоткрие картелот за цензура“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го назначил Брендан Кар за шеф на американската регулаторна служба за телекомуникации (FCC), кого го опиша како „воин за слободата на изразување“ и кој сака „да ја врати контролата врз технолошките гиганти“. .

„Кар е воин за слободата на изразување“, рече Трамп доцна синоќа.

Кар рече дека е неопходно да се „открие картелот за цензура“ наметнат од технолошките гиганти како Facebook, Google, Apple и Microsoft.

Тој додаде дека сака „да го врати американското право на слобода на изразување“.

Неговото назначување беше поддржано од милијардерот Илон Маск.

Брендан Кар работи во FCC од 2012 година, а беше назначен за еден од комесари на тоа тело во 2017 година од Трамп за време на неговиот прв претседателски мандат. Претходно работел како адвокат специјализиран за регулаторни прашања.

„Тој ќе стави крај на регулаторниот напад што ги парализира американските создавачи на работни места и иноватори и ќе се погрижи FCC да ги исполни очекувањата на рурална Америка“, рече Трамп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни