Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран дека неговите сили ќе бидат „збришани од лицето на земјата“ доколку се обидат да таргетираат американски бродови кои обезбедуваат придружба на пловила низ Ормутскиот Теснец во рамки на проектот „Слобода“. Во меѓувреме, германската морнарица го пренасочи логистичкиот брод „Мозел“ од Егејското во Средоземното Море, како подготовка за можно распоредување во Ормуз.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека силите на САД уништиле „седум мали ирански чамци“, откако Техеран, според неговите зборови, нападнал повеќе пловила во Ормутскиот Теснец.
Трамп дополнително предупреди дека Иран ќе биде „збришан од лицето на земјата“ доколку се обиде да нападне американски бродови кои водат конвои низ Ормутскиот Теснец во рамки на операцијата „Слобода“.
Германското Министерство за одбрана соопшти дека морнарицата го пренасочила логистичкиот брод „Мозел“ (A512) од Егејското Море кон Средоземното Море, во рамки на подготовките за можно распоредување во Ормуз.
Лидерот на Хезболах, Наим Касем, изјави дека „во Либан нема прекин на огнот, туку е во тек израелско-американска агресија“.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека од почетокот на израелските напади на 2 март во Либан загинале најмалку 2.696 лица, додека 8.264 луѓе биле повредени.
