Свет

Трамп ја отвори „Претседателската патека на славните“ – Бајден претставен со пенкало наместо портрет

Трамп ја отвори „Претседателската патека на славните“ – Бајден претставен со пенкало наместо портрет

Претседателот на САД, Доналд Трамп, свечено ја отвори „Претседателската патека на славните“ пред Западното крило на Белата куќа, каде што се изложени портрети на сите американски претседатели.

Патеката содржи црно-бели портрети во златна рамка, но со еден исклучок – наместо ликот на актуелниот претседател Џо Бајден, поставена е фотографија од автоматско пенкало (автопен).

Советничката за комуникации на Трамп, Марго Мартин, објави видео од поставката, со што повторно се актуализира опсесијата на Трамп со фактот дека Бајден често користеше автопен за потпишување документи додека беше претседател. Во јуни, Трамп дури нареди истрага за неговата практика, обвинувајќи го Бајден за когнитивни проблеми.

„Сакам да бидам јасен: јас ги донесов одлуките за време на моето претседателствување. Јас ги донесов одлуките за помилувањата, извршните наредби, законите и прогласите. Секоја сугестија дека не сум го направил тоа е смешна и лажна,“ одговори Бајден на обвинувањата.

Трамп и претходно имаше навестено дека наместо портрет, Бајден ќе биде „симболично“ претставен со фотографија од автопен – што сега и официјално го реализираше.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни