Трамп: Ќе го окупираме Појасот Газа, врз основа на авторитетот на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ја окупираат Газа, како и дека Палестинците од тоа подрачје ќе живеат на копно во Јордан и Египет.

На новинарско прашање врз основа на чија основа ќе ја окупираат Газа, тој рече: „Авторитетот на САД“.

Тој рече дека Палестинците ќе живеат безбедно на териториите на кои ќе бидат раселени.

„Верувам 99 отсто дека ќе се договориме со Египет. Ќе управуваме со Газа правилно, нема да ја купиме“, рече Трамп. Тој изјави дека не планира лично да се вклучи во обновата на палестинската енклава.

„Кога Газа ќе се развие, по долго време ќе се отворат многу работни места кои ќе ги привлечат луѓето во регионот“, изјави американскиот претседател, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека израелската анексија на окупираниот Западен Брег „ќе успее“. Тој оцени дека Хамас нема да го исполни условот за ослободување на преостанатите заложници до сабота.

„Ако Хамас не ги ослободи сите заложници до сабота, сите опции се на маса“, рече Трамп.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното