Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „нешто добро можеби се случува“ во преговорите за постигнување мир во Украина.
„Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но нешто добро можеби се случува. Бог да ја благослови Америка“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Делегациите од Украина, САД и европските земји вчера во Женева разговараа за американскиот план од 28 точки за завршување на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство од делови од предложениот план што предвидуваат големи отстапки за Русија.
