Трамп: Му давам на Хамас три до четири дена да одговори на планот за Газа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека му дава на Хамас „три до четири дена“ да одговори на мировниот план за Газа што го презентираше претходниот ден заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Нема многу простор за преговори за предлогот. Ќе работиме околу три или четири дена. Ќе видиме како ќе оди. Сите арапски земји потпишаа. Сите муслимански земји потпишаа. Израел потпиша“, рече Трамп додека ја напушташе Белата куќа пред состанокот со високи воени претставници во воздухопловната база Квантико во Вирџинија.

Трамп рече дека ако Хамас не се согласи на договор, тоа ќе биде тоа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.