Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес негираше дека се обидува да ја уништи бизнис-империјата на неговиот поранешен сојузник Илон Маск како одмазда за нивниот спор околу законот за данок.
„Сите велат дека ќе ги уништам компаниите на Илон со откажување на дел, ако не и сите, од големите субвенции што ги добиваат од американската влада. Тоа не е вистина. Сакам Илон, како и сите компании во нашата земја, да напредува“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, според Блумберг.
Трамп додаде дека колку подобро се тие, толку подобро се САД и тоа е добро за сите.
Трамп негира дека се обидел да ја уништи бизнис империјата на Илон Маск