Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека поради моќен земјотрес во Пацифичкиот Океан е издадено предупредување за цунами за Хаваи, додека за Алјаска и пацифичкиот брег на САД е прогласен „цунами надзор“.
„Цунами предупредување е во сила за сите што живеат на Хаваи. Цунами надзор е издаден за Алјаска и пацифичкиот брег на САД. Јапонија исто така е на патот на ударот.“ – напиша Трамп, апелирајќи граѓаните да ја следат страницата tsunami.gov за најнови информации.
Тој порача граѓаните да бидат подготвени и додаде: „Останете силни и останете безбедни!“.
Американските власти веќе издадоа препораки за евакуација на дел од крајбрежните зони и ги предупредија граѓаните дека се можни нови потреси и појава на бранови со голема висина.