Свет

Трамп пристигна во Израел, ќе разговара со заложниците

Трамп пристигна во Израел, ќе разговара со заложниците

Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Израел, каде што на аеродромот го пречекаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на државата Исак Херцог.

Трамп пристигна во Израел откако беше постигната првата фаза од примирјето меѓу оваа држава и Хамас, што наговестува дека двегодишната војна конечно би можела да заврши.

Во текот на денот, Трамп ќе се сретне со семејствата на заложниците и ќе се обрати во израелскиот парламент. Со тоа ќе стане четврти американски претседател што го посетил израелскиот парламент.

Потоа, Трамп ќе отпатува во Египет, каде што ќе се одржи церемонија по повод првата фаза од примирјето, како и состанок на светските лидери, на кој треба да присуствуваат највисоки претставници од Велика Британија, Германија, Франција и бројни други земји.

Претходно денеска, Хамас ослободи седум израелски заложници и ги предаде на Црвениот крст, додека во спротивна насока тргнаа нешто помалку од 2.000 палестински затвореници кои ја служеа својата казна во израелските затвори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни